Денеска десетици мигранти го ограбија дуќанот „Зара“ во Белград. Како што пренесуваат медиумите, обезбедувањето не успеало да се справи со разбојниците, а најверојатно станува збор за мигранти.
Српската инстаграм страница „moj_beo_grad“ пренесе дека денеска околу 18 часот во центарот на Белград односно на Кнез Михаилова бил ограбен дуќанот „Зара“ од десетици мигранти.
Обезбедувањето цели 10 минути не успеало да се справи со мигрантите, а овој настан го гледале многумина од страна. Од видеото се гледа дека е украдена најмалку една јакна, а целото видео може да го погледнете во продолжение.