Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вербално се пресметал со косовската делегација, по завршувањето на седницата на Советот за безебдност на ОН за Косово.
Тој по излегувањето од салата ја продолжил расправата со претставничката на Косово во ОН Фљора Читаку поради нејзината приказна за вековното угнетување на Албанците на Косово и Метохија како и прославувањето 20 години од „ослободувањето“.
Веста за тоа ја пренесе токму Читаку, која на својот твитер профил објави дека по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации српскиот министер за надворешни работи викал на неа и на приштинската делегација и ги навредувал.
– По денешното заседание на Советот за безбедност на ОН, додека разговарав со делегациите на САД и Британија, српскиот министер за надворешни работи дојде до мене викајќи и навредувајќи ме мене и косовската делегација. – објави Читаку на Твитер.
На снимката под коментарот кој Читаку го објави, се гледа дека Дачиќ ѝ вели: „Тие, што седиш со нив се твоите колонизатори“.
Инаку Дачиќ ја повика Читаку да докаже дека албански споменици на Косово постоеле во 13 и 14 век.
– Кога ќе ми донесе еден историски споменик од албанско потекло од 13 и 14 од Косово. Кога ќе ми покаже еден споменик од тој период, тогаш би можел да кажам дека Албанците биле во тоа време. Но да се каже дека Србите биле колонизатори, дека владееле а не живееле на Косово, тоа е безобразлук. – кажа Дачиќ.
After today’s #UNSC session on #Kosovo, as I was speaking with the #US & #UK delegations, the Serbian FM came after me shouting, spewing insults towards me & the #Kosovo delegation
“The ones you are sitting with are your colonizers” he said (referring to #USA & #UK) pic.twitter.com/HBRa6bfO7I
— Vlora Çitaku (@vloracitaku) June 10, 2019