Регион 21. октомври 2019. / 17:33

(ВИДЕО) Ципрас нападнат во авион: Ни ја предаде земјата, се шетате слободно, а местото ви е во затвор

(ВИДЕО) Ципрас нападнат во авион: Ни ја предаде земјата, се шетате слободно, а местото ви е во затвор

Една Гркинка во текот на авионскиот лет видела дека со неа патува поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас па ја искористила можноста да му каже што мисли за него и неговото владеење.

Додека тој мирно седел на седиштето, жената му пришла и вербално го нападнала поради тоа што за време на неговата власт ја дозволи промената на името на нашата држава.

Ова ќе ви го кажам како адвокат. Се смеете, се шетате слободно, а местото ви е во затвор. Набрзо ќе бидете таму. Ни ја уништивте земјата, нас нè нарековте насилници и фашисти, вие сте најголемиот фашист и предавник на оваа земја – му рекла жената на Ципрас.

Набрзо на жената ѝ рекле дека е доволно тоа што го кажала и ја замолиле да се повлече, но таа продолжила со нејзините осудувања.

Не разбирам. Ни ја предаде земјата и го продаде она за кое нашите предци се бореа, а и понатаму се шета слободно. Што е? Не сакаш да слушаш? – го прашала жената.

На крајот луѓето успеале да ја оддалечат жената од поранешниот премиер на Грција.

 

View this post on Instagram

 

Greek woman finds former Prime Minister of #Greece #Tsipras on a flight and gives him a piece of her mind ? What would you do??

A post shared by Greek Concert Status (@greek_concert_status) on