Регион 22. јуни 2020. / 22:30

(ВИДЕО) Четири општини во Србија прогласија вонредна состојба поради обилните дождови

(ВИДЕО) Четири општини во Србија прогласија вонредна состојба поради обилните дождови

Поради обилните врнежи од дожд, водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а некаде се излеале од коритата.

Како што јавуваат спрските медиуми, во попладневните часови се излеала реката Јадар во близина на Осечина при што се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски објекти.

Прогласена е вонредна состојба во Осечина, Крупањ, Лозница и Љубовија каде е најкритично. Сообраќајот на неколку регионални патишта е во прекин.

Претставници на локалната самоуправа и Општинскиот штаб за вонредни ситуации ги следат настаните на терен и се подготвени да реагираат во случај на потреба од евакуација на населението“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.