Регион 16. февруари 2021. / 22:11

(Видео) Брнабиќ: Некој што работел за државата, работел и за мафијата

(Видео) Брнабиќ: Некој што работел за државата, работел и за мафијата
Фото: Танјуг/Драган Којунџиќ

На денешната вонредна прес-конференција, српската премиерка Ана Брнабиќ, зборуваше за криминалната група на Вељко Беливук и за луѓето од државниот врв кои му помагале.

-Мислам дека е очигледно дека во целиот овој процес, некој што работел за државата, работел и за мафијата. Претседателот јасно стави до знаење дека имаме такви сомнежи и дека не смеат да се толерираат. И тогаш започна истрагата. Мафијата имаше некој во државните структури – во Министерството за внатрешни работи и можеби во некои други структури на државната безбедност. Сега го истражуваме сето тоа, изјави Брнабиќ.

На прашањето дали се чекал политички налог, премиерката рече дека не се чекал.

Штом ги добивме информациите, веднаш се даде зелено светло сите да работат на ова. Дојдовме до резултати дека паднал кланот, кој е посилен и поопасен од Земунскиот клан, додаде таа.

Брнабиќ потврди дека има нови детали во случајот, но истакна дека не може да ги открие бидејќи истрагата продолжува.