Силно невреме го погоди Белград во текјот на вчерашниот ден.
Временската стихија предизвика прекин на јавниот градски превоз, кој се нормализира дури утринава. Некои линии мораше да ја менуваат трасата, а некои не сообраќаа поради надојдената вода на улиците.
Метеоролозите информираат дека за три часа во центарот на градот паднала и над 50 литри на метар квадратен.
Novi #Beograd u vodi. #Nevreme pic.twitter.com/YkJLuTbJxM
— ?ŠAŠAVULJA ? (@sasavulja) June 8, 2020
Како што објавува РТС, во улица Краишка дивизија полицијата евакуирала четири лица од возило однесено од водата, а биле срушени и три дрвја, коишто биле успешно отстранети во брзо време.
Практично големи реки од вода течеле низ Устаничкиот, Теразијскиот, тунелот на Кнез Милоша, тој кај Саемот и на автопатот Белград – Ниш. Надојдената вода однела и уништила и 420 контејнери.
Za Beograd u vodi zaokružite 1
Podržimo najbolje!!!
:: večeras kod hitne pomoći #Srbija #Beograd pic.twitter.com/xGaSD1DaUk
— BiznisLab A.N. (@biznislab) June 8, 2020
Според информациите, на места водата била со висина и до еден метар.
Синиптичките податоци на метеоролозите покажуваат дека српската престолнина и попладнево ќе биде на удар на олуен ветер, град и обилни врнежи. Од таквото време ќе куртулат крајниот југ и западогт на Србија, а слични временски услови се прогнозираат до 17 јуни.