Регион 30. март 2020. / 13:41

Велигденските служби во Бугарија на отворено – мора да има дистанца меѓу верниците

Велигденските служби во Бугарија на отворено – мора да има дистанца меѓу верниците

За Велигденските празници во Бугарија нема да има служби во црквите.

Црквата ќе ја смени досегашната пракса и службите ќе ги врши на отворено, пренесуваат бугарските медиуми, по средбата меѓу претставници на Светиот синод на БПЦ и Државниот кризен штаб.

Свештениците ќе ги повикаат мирјаните да бидат повоздржани во посетите на храмовите и да се почитува дистанцата. Според мене, тоа е добар компромис и со огромна благодарност го прифативме разбирањето на БПЦ. Контролата на почитувањето на растојанието меѓу верниците ќе ја врши полицијата. Ние сметаме дека огромен дел од Бугарите во своите срца ќе го почувствуваат тоа што ќе се случува во храмовите – соопшти генералот Венцислав Мутафчијски.

Се очекува Светиот синод да излезе со свое соопштение. Внатре во храмовите нема да има служби. Секој верник, христијанин, ќе може да влезе и да запали свеќа, но и таму ќе мора да се почитува растојанието меѓу верниците.

Службите ќе бидат пренесувани на телевизија и он-лајн. При причесните свештениците ќе бидат со заштитни маски и со ракавици, а лажичките ќе бидат пластични, за еднократна употреба.