Регион 27. октомври 2018. / 14:50

Ужасно: Изрешетен автомобилот на убиените полицајци во Сараево (ВИДЕО)

Ужасно: Изрешетен автомобилот на убиените полицајци во Сараево (ВИДЕО)

Полицискиот автомобил во кој биле Адис Шеховиќ и Давор Вујиновиќ по увидот е тргнат и изгледа ужасно.

Снимка од автомобилот кој е тргнат од местото на пукање во Сараево се појави на социјалните мрежи, а на неа може да се види оштетеното возило на шлеп служба.

Вршејќи ја својата должност, полицајците Шеховиќ и Вујиновиќ се возеле во автомобилот кога во нив пукале мафијаши. Двајцата полицајци биле погодени, Шеховиќ починал на лице место, а Вујиновиќ во болница.

Истрагата сеуште е во тек.