Ужасна семејна трагедија се случила во околината на Вршац, Србија кога пожарникарите синоќа одговориле на повик дека гори куќа.
Кога стигнале на местото на настанот, почнале да го гаснат огнот и влегле внатре да проверат дали има луѓе во објектот, пронашле две мртви тела чија смрт, како што пишуваат српските медиуми, не била предизвикана од пожарот.
Според првичните и неофицијални информации, маж ја убил својата сопруга, ја запалил куќата, па се самоубил.
Засега не е сигурно дали станува збор за брачни или вонбрачни партнери.