Бебето кое беше тешко повредено откако 24-годишниот татко од Белград со цела сила го фрлил на подот, му подлегнало на повредите.
Бруталниот злочин се случи во средината на февруари минатата година, откако по расправијата со мајката на неговата сопруга, таткото го исфрлил бесот на своето дете.
Тоа се оправувало во болница во Белград, а потоа било земено од родителите и однесено во дом за деца. За жал, на бебето после година дена му се слошило и лекарите не можеле да направат ништо за да го спасат.
Таткото прво ѝ удрил шамар на мајката на неговата сопруга, а потоа го зграпчил новороденчето и го повредил. Потоа бил уапсен и се бранел оти бебето му испаднало од раце.
Бидејќи бебето, чие име било Милица, починало, на таткото му се закануваат до 15 години затвор.