Регион 11. јуни 2018. / 13:45

Ужас на Ада Циганлија: Сопственик на кафуле вработувал малолетнички, ги силувал и ги снимал

Ужас на Ада Циганлија: Сопственик на кафуле вработувал малолетнички, ги силувал и ги снимал

Сопственикот на едно кафуле на Ада Циганлија С.С. (57) е уапсен бидејќи силувал малолетнички, ги снимал и ги сликал.

Мажот е уапсен поради постоење на сомнеж дека извршил кривично дело прикажување, собирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетни лица за порнографија, и поведување и овозможување на вршење на полов однос, пренесува српски Блиц.

Тој од јуни минатата година до моментот на апсење, без пријавување вработувал малолетни девојки да работат како келнерки, шанкерки или во кујна.

Осомничениот ја искористувал нивната наивност, им ветувал разни привилегии и паричен надоместок, но и им се заканувал, и со неколку малолетнички имал сексуален однос, кој го снимал со мобилен телефон.

Снимките потоа ги користел за да ги уценува девојките да одржуваат врска со него, но и ги приморувал да имаат сексуални односи со други мажи за пари.

За време на апсењето полицијата кај него пронашла мобилен телефон со снимки од сексуланите односи со малолетничките, како и други снимки со порнографска содржина со малолетни лица.

Според информациите, сопственикот на кафулето е уапсен по претходна пријава од страна на родителите на неколку девојки.