Регион 09. октомври 2018. / 21:45

Уште една голема сообраќајна несреќа во Србија, кај Свилањац, 4 загинати и 2 повредени

Уште една голема сообраќајна несреќа во Србија, кај Свилањац, 4 загинати и 2 повредени

Четири лица загинаа, а две се повредени вечерва во судир на шлепер, автомобил и камион кај Свилајнац, објави РТС. Несреќата се случила околу 19 часот на регионалниот пат, на излезот од Свилајнац до Депотовци.

Се судриле шлепер, камион и патничко возило, во кој биле лицата што загинале.

Една тешко повредена личност се наоѓа во болницата во Ќуприја.

Утринава се случија две големи трагични ланчани сообраќајни несреќи на автопатот Белград-Ниш, и на истото место во обратна насока, помеѓу Ќуприја и Јагодина, во кои загинаа седум лица, од кои двајца се Македонци.