Регион 23. март 2020. / 11:44

Уште еден смртен случај од корона вирусот во Словенија

Уште еден смртен случај од корона вирусот во Словенија

Постар маж е третата жртва од коронавирусот во Словенија. Се работи за 67 годишно лице, кое во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана било донесено од домашно лекување и во тешка состојба.

Според лекарите човекот не починал како директна последица од Ковид-19 и објаснија дека се работи за многу компликуван случај.

Синоќа пак 90 годишна жена сместена во домот за стари лица во Метлика почина како последица од Ковид-19.