Истражувачки тим од Институтот за роботика при Бугарската академија на науки (БАС) разви УВЦ робот за дезинфекција кој може да се користи против ширење на корона вирусот.
Како што соопшти БАС, роботот користи УВЦ дезинфекциска технологија и може да се користи во простории, на кои им е потребна ефективна дезинфекција на подови и површини, вклучувајќи куќи, здравствени установи и други јавни простори.
Изумот неодамна е регистриран во Бугарскиот завод за патентирање.