Регион 12. октомври 2019. / 13:25

Убиена позната пејачка пред кафеана во Сараево

Убиена позната пејачка пред кафеана во Сараево

Утринава во Сараево се случило убиство пред кафеаната „Кај амиџе“ дознава Аваз.

Детали за случајот во момнтов немаме. Вештак од судската медицина и припадници на МВР Кантонот Сараево тргнаа на увид. Најверојатно станува збор за убиство. Со увид наскоро ќе започне и дежурната обвинителка, рекол портпаролот на Обвинителството во Сараево.

Како што дознава Аваз, жртва е 25-годишната Елма. Таа е позната како пејачката Елма Милано. Извор за Аваз вели дека синоќа во кафеаната била организирана музика во живо, а дека девојката пед кафеаната била застрелана со огнено оружје.

Според засега непотврдени информации, наводно девојката била убиено од своето момче.Убиството се случило пред два часа, а наводно момчето и девојката седеле заедно во угостителскиот објект. Полицијата привела неколку лица со цел да го расветли случајот.