Регион 22. февруари 2019. / 17:38

Убиен претседателот на клубот Црвена Ѕвезда

Убиен претседателот на клубот Црвена Ѕвезда

Претседателот на ракометниот клуб Црвена Ѕвезда и на Автомото сојузот на Србија (АМСС), Мирко Бутулија е убиен денеска во просториите на АМСС, пренесуваат српските медиуми.

Бутулија е убиен со неколку истрели од пиштол од генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурџев кој потоа седнал на неговото столче и извршил самоубиство. Не се соопштуваат причините за ова убиство и самоубиство.

Бутулија беше претседател на РК Црвена Ѕвезда од 2014 година, а ја извршуваше и потпретседателската функција во Ракометниот сојуз на Србија.

Во овој момент не се знае мотивот за убиството, но спопред изјавите на очевидците Ѓурџев бил во нервно растројство.

Полицијата го обезбедува местото каде што беше пукањето.

Женско лице за време на пукотниците скокнало од прозор. Итната помош пружило помош на местото на настанот.