Убиецот на бугарската новинарка Викторија Маринова е осуден на 30 години затвор.
Северин Красимиров (21) се изјасни за виновен и побара по брза постапка да му биде изречена казната.
Пред бугарскиот суд тој изјавил дека вечерта кога го извршил убиството бил под дејство на алкохол и наркотични средства.
Телото на младата новинарка беше пронајдено минатата година на 6 октомври во реката Дунав, во градот Русе, Бугарија.