Седуммина работници во фабриката за злато РТБ Бор во Србија се уапсени, затоа што три години од погоните изнесувале анодна тиња и златна прашина.
Тиое од 2014 до 2017 година украле поголема количина злато. Уапсените работници се на возраст од 41 до 48 години.
Полицијата се сомнева дека тие по претходен договор од производниот процес присвоиле поголеми количини неафинисано и афинисано злато кое го продавале.
Во претрес на становите и други простории на осомничените пронајдени се повеќе 135.000 евра, речиси 4.000 долари и 98.000 динари и накит.
Обвинителството им одреди притвор од 48 часа.