Тројцата мигранти се обвинети за грабеж на студент, кој загинал паѓајќи од ридот Филопапу во Атина. Не е јасно дали 25 годишниот студент бил турнат од мигрантите или паднал од ридот додека бегал од нив.
Двајца Пакистанци на 17 и 28 возраст се приведени на железничкиот граничен премин Идомени додека сакале илегално да ја минат границата.
Третиот, Ирачанец, на 25 годишна возраст бил уапсен во Атина. Според соопштението од грчката полиција, грабежот се случил на 15 август.
Жртвата, 25 годишен Грк, кој студирал во странство, бил во друштво со Португалец. Неговото тело било најдено на ридот во центарот на Атина.