Регион 18. мај 2019. / 16:00

Уапсени четири лица на Косово за трговија со органи во приватна клиника

Уапсени четири лица на Косово за трговија со органи во приватна клиника

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување казнено дело, јави ФЕНА.

При контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е спроведена во соработка со други институции, се наведува во соопштението.

По налог на обвинител, на три лица им е одреден полициски притвор од 48 часа, а едно лице е ослободено во редовна процедура.