Регион 05. февруари 2021. / 17:32

Уапсени четири Бугари: Се обиделе да влезат во Грција со фалсификуван ПЦР тест

Уапсени четири Бугари: Се обиделе да влезат во Грција со фалсификуван ПЦР тест

На граничниот премин Промахонас (Кулата) при влез од Бугарија во Грција, во два одвоени случаи биле уапсени четири лица кои се обиделе да влезат со фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција станува збор за бугарски државјани, а од грчката полиција соопштуваат дека во рамките на контролите што секојдневно се вршат на граничните пунктови, биле откриени фалсификуваните потврди кај тројца мажи и една жена, кои се превезувале во две возила.

Потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето е задолжителен за влез во Грција.