Регион 25. јуни 2019. / 16:52

Уапсен наставник: На компјутерот имал видео и фотографии од малолетни деца

Уапсен наставник: На компјутерот имал видео и фотографии од малолетни деца

Полицијата утринава уапси 40-годишен наставник во училиште во околината на Апатина, Црна Гора поради сомнеж дека извршил кривично дело, прикажување, прибирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетни лица.

С.М. се сомничи за искористување на малолетничка за порнографски цели и собирање фотографии и видеа од детска порнографија која ја разменувал со други корисници на ваков материјал.

За време на претересот на неговиот стан одземен му е компјутерот, надворешен хард диск како и повеќе од 90 гигабајти материјал, меѓу кои видео и фотографии од малолетни деца. Засега му е определен притвор од 48 часа.