Регион

Уапсен е првиот човек на Динамо Загреб

Уапсен е првиот човек на Динамо Загреб

Првиот човек на загрепскиот фудбалски клуб Динамо, Здравко Мамиќ е уапсен во БиХ по распишаната потерница во Хрватска, кадфе првостепено е осуден на 6,5 години затвор поради малверзации во спортот.

Тој најви дека во Судот на БиХ ќе се изјасни против екстрадиција во Хрватска. Во изјава за сараевски „Кликс“, Мамиќ изјави дека приведувањето минало во ред и оти се наоѓа на пат кон Сараево.

– Одам на суд. Луѓето кои ме приведоа убаво се претставија и се мина во ред. Јас им кажав дека ги очекував. Тоа го знае цела нација, мораа да ме идентификуваат бидејќи е распишана потерница, изјави Мамиќ, кој има и босанско државјанство.

Поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, на 6 јуни бешее осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации во клубот.

Освен Мамиќ, затворски казни добија и неговиот брат Зоран, како и поранешниот прв човек на Динамо Дамир Врбановиќ и даночниот службеник Милан Пернар.

Окружниот суд во Осиек го осуди Здравко Мамиќ на вкупно шест и пол години затвор, Зоран Мамиќ доби четири години и 11 месеци, Милан Пернар четири години и два месеци, а Дамир Врбановиќ три години затвор.

Сите се осудени заради затајување на 116 милиони куни (15 милиони евра) преку трансфери на хрватските фудбалски репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен, поради што хрватскиот државен буџет беше оштетен со 12,2 милиони куни (околу 1,3 евра).