Регион 13. април 2020. / 18:15

Уапсен директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш каде што се заразиле 139 луѓе

Уапсен директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш каде што се заразиле 139 луѓе

Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во овој град, го уапсиле М.С. (47) од Ниш, под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривичното дело пренесување на заразна болест.

М.С. се сомничи дека како овластено лице на Центарот за геронтологија во Ниш не ги презел сите неопходни мерки и активности за да го спречи ширењето на заразната болест Ковид-19, што резултирало со зараза во оваа установа на 135 корисници на услуги и на четворица вработени, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и тој со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.