Регион 31. август 2020. / 14:37

Уапсен чешки државјанин кој криумчарел 20 нелегални мигранти во Грција

Уапсен чешки државјанин кој криумчарел 20 нелегални мигранти во Грција

Во изнајмено комбе, без важечка возачка дозвола, 39 годишен странски државјанин пренесувал 20 нелегални мигранти во Грција и бил уапсен на автопатот Кавала – Солун во близина на туристичкото место Аспровалта.

Од грчката полиција соопштија дека конкретното возило било запрено за контрола на автопатот, по што биле откриени и мигрантите.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека уапсеното лице, односно возачот е чешки државјанин, а мигрантите се од Сирија и Сомалија и немаат документи за легален престој во Грција.

Уапсениот ќе одговара пред јавен обвинител за нелегално пренесување мигранти и нивно внесување во Грција.