Регион 27. ноември 2019. / 11:55

Турски бизнисмен носи такси возила „Тесла“ во Подгорица

Турски бизнисмен носи такси возила „Тесла“ во Подгорица
TAXI in Ljubljana, Slovenia

Во Подгорица до крајот на седмицата ќе почне со работа првата такси служба со автомобили на електричен погон. Градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ се сретна со претставниците на компанијата Вен Тур, на турскиот бизнисмен Ахмет Авчи, која ќе почне да ги дава услугите на такси превоз со електрични возила.

– Исклучително сум задоволен што Подгорица ја добива првата такси служба со автомобили на електричен погон и што ќе бидеме првиот град во регионот кој добива услуги за превоз на граѓани со „Тесла“ електрични возила, потенцираше Вуковиќ.

Тој изрази увереност дека во следниот период такси компаниите и здруженијата сè повеќе ќе се определуваат за давање услуги со возила на електричен погон.

Новата такси услуга ќе биде достапна само за корисниците на апликацијата ТеслаГо (TeslaGo), по примерот на Убер.