Два пара турски воени авиони Ф-16 утринава надлетале над неколку грчки острови од Фурна и Оинуси островските комплекси.
Авионите се појавиле во грчкиот воздушен простор без претходно да биде најавено нивното движење.
Првиот пар авиони летал на висина од околу 1.5оо метри, а вториот на нешто помалку од 3.000.
На нивното доаѓање реагирале грчки борбени авиони, кои ги пресретнале во согласност со меѓународните правила, објавија локалните медиуми.