Регион 30. јуни 2020. / 11:00

Туристите во Грција ќе може да одат во кино на концерти

Туристите во Грција ќе може да одат во кино на концерти

Во Грција почна осмата фаза на укинување на рестриктивните мерки и постепеното враќање во новата нормалност. Во оваа фаза се отворија камповите за деца, дозволено е организирање концерти и конференции, но и одржување претстави и културни манифестации.

Дополнително, се отвораат и кината што работат во текот на целата година, како и казината и жичарите во цела Грција.

Сите ќе работат со посебни правила и протоколи, а според грчките медиуми, на културните манифестации и концертите сите треба да седат, да има по едно празно место, односно исполнетост до 75 отсто од капацитетот, задолжително носење маска при влезот и излезот

Празно место меѓу седиштата треба да има и во кино салите што ќе работата со 65 проценти од капацитетот, нема да има пауза, а маската е задолжителна за вработените.

Во казината, според медиумите во Грција, на масите предвидени за седум лица, дозволени се три или четири лица.