Регион 27. јули 2020. / 12:47

Туристички во Бугарија само со негативен PCR тест

Туристички во Бугарија само со негативен PCR тест

Туристите од Македонија, Србија, Кувајт, Израел и Молдавија од денеска ќе можат да влегуваат во Бугарија само со покажување негативен PCR тест, направен 72 часа пред нивното пристигнување.

Одлуката е донесена денеска од страна на владејачката коалиција и беше објавена од Валери Симеонов. Неговата партија НФСБ е одговорна за политиките во туризмот, а по минатонеделните рокади во владиниот кабинет има веќе и свој ресорен министер-Маријана Николова, која и досега беше во секторот како вицепремиер без ресор.

Симеонов ја образложи одлуката со слични такви во соседните држави. Грција, на пример, веќе две недели бара од граѓаните на неколку држави, вклучувајќи ја и Бугарија, при преминувањето на границата да покажат тестови дека не се заразени од корона вирусот.