Турција распоредува 1.000 специјалци од полицијата долж границата со Грција денеска во обид да го спречи враќањето на мигрантите кон нејзината територија, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и додаде дека 164 мигранти биле повредени од грчките власти.
– Тие повредија 164 лица. Се обидоа да вратат назад во Турција 4.900 луѓе. Ќе распоредиме 1.000 полицајци од специјалната единица во пограничниот систем … за да го спречиме враќањето, изјави Сојлу во северозападната погранична провинција Едирне.
На 28. февруари стотици мигранти тргнаа низ северозападот од Турција кон границата со Грција и Бугарија, откако официјален претставник изјави дека Анкара повеќе нема да ги спречува сириските бегалци на патот кон Европа.