Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот објави дека земјата ќе влезе во делумна блокада поради зголемувањето на бројот на инфекции со коронавирус.
Новите мерки вклучуваат полициски час, на национално ниво, за време на викенд од 20:00 до 10:00 часот, учениците ќе преминат на онлајн настава и ограничувања за напуштање на живеалиштата за лица постари од 65 години.
Турција во понеделникот пријави вкупно 3.316 новозаразени со коронавирус.