Регион 04. април 2020. / 11:50

Турција става 30 градови во карантин поради корона вирусот

Турција става 30 градови во карантин поради корона вирусот

Во обраќање до нацијата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека е донесена одлука со која се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена.

– Најважна е изолацијата, но се забележуваат прекршувања. Затоа е наложено да се премине од доброволна во задолжителна изолација. Од вечерва во следните 15 дена се забранува влез и излез во 30 големи градови на Турција. Се забранува и излегување на улиците за лица под 20-годишна возраст и сите треба да носат заштитни маски на јавните места – истакна Ердоган.

Претходно турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека бројот на заразени лица во земјата за едно деноноќие се зголемил од 18.135 на 20.921, а бројот на смртни случаи достигнал вкупно 425 луѓе.