Регион 06. јануари 2020. / 18:30

Турција лани извезе оружје за 2,7 милијарди долари

Турција лани извезе оружје за 2,7 милијарди долари

Турскиот извоз на оружје во 2019 година се зголемил за 36,4 отсто во споредба со 2018 година и е над 2,7 милијарди долари, објави весникот Сабах.

Според податоците на Унијата на турски извозници, извозот е зголемен за 34.6 отсто и достигнал 2,7 милијарди долари од 2.03 милијарди долари во 2018 година кога за првпат беше над две милијарди долари.

Извозот во држави од Блискиот исток е речиси двојно зголемен, соодветно со 710,1 милион и со 241 милион долари.

Најголем извоз од 841,3 милиони долари е реализиран во Северноамериканската зона за слободна трговија во која се и САД