Регион 13. јули 2018. / 15:47

Турција ќе продаде 30 хеликоптери на Пакистан

Турција ќе продаде 30 хеликоптери на Пакистан

Турција ќе продаде 30 АТАК хеликоптери на Пакистан, објавија турските власти. Ова е втор договор за оружје помеѓу двете земји во последната недела.

Во купопродажниот договотр се наведува дека покрај 30 хеликоптери Т129 АТАК, Турција ќе и обезбеди пакистанската армија со логистика и обука.

Во февруари турски воени претставници изјавија дека хеликоптерите АТАК се користени за време на офанзивата во сириската курдска енклава Африн.

На 5 јули, тогашниот министер за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли рече дека Анкара ќе продаде четири корвети на пакистанската морнарица.