Регион 29. ноември 2019. / 17:49

(ФОТО) Тројца загинати и осум повредени кај Ниш откако камион се заби во комбе

(ФОТО) Тројца загинати и осум повредени кај Ниш откако камион се заби во комбе

Полицијата од Ниш го уапси возачот на камион Г.Б (46) од Краљево, заради постоење на сомневање дека извршил тешко кривичното дело против безбедноста во сообраќајот.

Се сомничи дека тој денеска на автопатот Белград – Ниш, управувајќи камион удрил во комбе кое се наоѓало на лентата за запирање. Три лица загинаа, а осум се повредни.

На осомничениот му е одреден 48 часовен притвор, соопшти полицијата.

На месотот на настанот денеска можеа да се видат стравични сцени, бело комби кое превезувало работници потполно е смачкано во задниот дел по сударот со камионот, а телата на настраданите беа покриени со црни најлон кеси.