Во Србија во изминатите 24 часа од корона вирусот се починати три лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 209 граѓани, со процент на смртност од 2,10 отсто.
Како што соопштија на владиниот сајт „ковид.рс“, во изминатите 24 часа се тестирани се 5.810 лица, од кои позитивни на вирусот биле 95 граѓани, што е 1,64 отсто од тестираните.
Досега во земјата има евидентирано вкупно 9.943 заразени и 209 починати, додека 2.453 граѓани се излечени.
Се намалува и бројот хоспитализирани во ковид-болниците и во привремените центри, во кои има 1.577 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 45 лица.
Со укинувањето на вонредната состојба во Србија од вчера повеќе нема полициски час и забрана за движење. Сепак, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласена епидемија од посебно значење, а граѓаните и понатаму се со обврска да ги почитуваат заштитините мерки се додека трае опасноста од ширењето на вирусот.