Регион 07. мај 2020. / 16:29

Тројца починати и 57 нови случаи на заразени со корона вирус во Србија

Тројца починати и 57 нови случаи на заразени со корона вирус во Србија

Во изминатите 24 часа во Србија од корона вирусот починале три лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 206 граѓани. Починатите се на просечна возраст од 67,82 години.

Како што соопштија на владиниот сајт „ковид.рс“, во изминатите 24 часа се тестирани 5.521 лица, од кои позитивни на вирусот се речиси двојно помалку од вчера или 57 граѓани. Тоа е 1,03 отсто од тестираните..

Србија досега има евидентирано 9.848 заразени лица со корона вирус, 206 починати и 2.160 излечени граѓани. Досега се тестирани вкупно 122.995 граѓани.

Според најновите податоци, најмногу новозаболени има во Белград (21) и во Лесковац (20).

Се намалува и бројот хоспитализирани во болниците и во привремените центри, во кои заклучно со денеска има 1.710 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 48 лица.

Со укинувањето на вонредната состојба во Србија од денеска веќе нема полициски час и забрана за движење. Но, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласената епидемија од посебено значење.

Владата со соопштение ги потсети граѓаните и стопанствениците дека и натаму имаат обврска да ги почитуваат заштитините мерки се додека трае опасноста од ширењето на вирусот.