Регион 17. април 2020. / 19:40

Тројца починати и 17 нови позитивни на Ковид-19 во Грција

Тројца починати и 17 нови позитивни на Ковид-19 во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција се регистриран 17 нови случаи на корона вирусот, со што бројот на заразени се зголеми на 2.224 лица. Во истиот период починале три нови лица, со што вкупниот број се искачи на 108 од почетокот на епидемијата.

Од Министерството за здравство на Грција, соопштија дека 71 лице е хоспитализирано на интензивна нега, а 35 пациенти се отпуштени од грчките болници.

Од починатите 108 лица, 29 се жени (26,5 отсто), а останатите мажи, додека пак просечната возраст е 74 години. 89,8 проценти од нив имале некаков здравствен проблем и/или се на над 70-годишна возраст.

Во изминатите денови се намалува бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во Грција.

Заклучно со средата 15 април 2020 година беа анализирани се 50.771 примероци.