Регион 13. јули 2018. / 11:15

Тринаесет луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Грција

Тринаесет луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Грција

Автобус што сообраќал на релација Атина – Драма, кусо пред шест часот утрово, од за сега непознати причини излетал од патот, се превртил, а сите 13 патници поминале со полесни повреди.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, возачот и покрај тоа што бил повреден во пределот на главата, успеал да ја скрши шофершајбната и да им помогне на повредените патници да го напуштат автобусот.