Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани три нови жртви од корона вирусот, со што вкупниот број починати изнесува 21 лице. Бројот на новозаболени, пак, е 19 и вкупниот број достигна до 541 лице, објавија од Националниот кризен штаб.
Според податоците, 30% од болните со корна вирусот патувале во странство.
Најмладиот пациент е едногодишно дете, а највозрасниот 86-годишен маж.
Од Националниот штаб информираат дека до сега во Бугарија се извршени околу 16.000 тестови.