Три четвртини од граѓаните на Србија не поддржуваат влез во НАТО, додека половина од испитаниците го поддржуваат влезот во Европската унија.
Контра ваквиот став се претежно лица на возраст од 18 до 29 години и постари од 60 години, беше речено денеска за време на меѓународната конференција „Недела на НАТО во Белград – ова сме ние“.
Три четвртини од граѓаните на Србија не поддржуваат влез во НАТО, рече Иво Чоловиќ од Центарот за слободни избори и демократија, пренедува телевизијата Н1.
Според Чоловиќ, врз основа на истражување спроведено на примерок од 800 граѓани, 14 проценти од српските граѓани имаат позитивен став кон соработката со алијансата.
Со фактот дека една третина од населението во Србија има само основно образование, Чоловиќ изјави дека треба да работат со тие луѓе за да се разбере важноста на соработката со НАТО.
Помошникот на генералниот секретар на Алијансата, Кармен Ромеро, оцени дека Србија е важна за НАТО и дека НАТО е важно за Србија.
Белград и алијансата сакаат безбеден Западен Балкан, рече Кармен Ромеро.