Осумдесетгодишна жена со корона вирус починала утринава во болницата „Пирогов“, соопшти на утринскиот брифинг на Националниот оперативен штаб, генерал-мајорот Венцислав Мутафчијски. Таа била префрлена од болницата „Свети Наум“ со високо ниво на дијабетис.
Вкупниот број на заразени во Бугарија се искачи на 94, од кои тројца се починати.