Регион 30. мај 2018. / 16:34

Трагична ситуацијата во грчките државни болници

Трагична ситуацијата во грчките државни болници

Во рамките на протестот, дописничката на МИА од Атина, разговараше со претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници во Грција, Јанакос Михалис. Тој вели дека ситуацијата е трагична поради недостигот на финансии и персонал.

– За жал, поради недостиг на средства и персонал ситуацијата е трагична. Постојат трагични недостатоци на болнички материјали и персонал. Граѓаните не можат да имаат нормален третман. Се трудиме овие работи да излезат на виделина и бараме еден дел од примарниот суфицит да се оддели за здравството, вели Јанакос.

Петседателот на федерацијата заедно со членовите, вработените во државните болници во Грција учествуваа во денешниот генерален штрајк. На протестот преку сатирична макета со кукла- пациент и лик од грчката митологија се обидоа да ја претстават ситуацијата во грчкото здравство дека сѐ што е вишок се крати.

-Веќе 9 години ни кратат од секаде, не го кратат само она што е вишок, туку ни кратат и од тоа што го немаме, од плати, од пензии од јавното здравство. За жал немаме веќе што да дадеме. Сѐ што имавме ни зедоа. Ние сакаме бесплатно јавно здравство, задоволителни месечни приходи. За ова ќе се бориме и ако треба ќе бидеме секој ден на улица, вели за МИА претседателот на грчката федерацијана вработени во државните болници.