Возач починал откако го паркирал автобусот во Лакташи, БиХ.
Педесетгодишниот Ѓ.Л. од Бања Лука, вчера попладне откако завршил со возењето, го паркирал автобусот и починал.
Итната помош веднаш интервенирала, но за жал немало спас.
-За време на увидот присуствувал и доктор, кој констатирал дека станува збор за природна смрт, односно на возачот престанало да му работи срцето, пренесуваат босанските медиуми.