Мотоциклист загина откако го удрил гром на автопат во близина на Солун, соопштија вчера грчките власти.
Полицијата наведува дека 58-годишен маж е проонајден мртов на околу 40 километри источно од Соун, со дупка на кацигата, која најверојатно настанала кога го удрил гром.
За сега не се објавени детали за изгореници на телото на настраданиот, но грчките власти наведуваат дека се уверени дека смртта кај мотоциклистот настапила како последица на пад од неговиот мотоцикл, по ударот од гром.
Мотоциклистот возел кон Солун во услови на бура.