Регион 18. декември 2018. / 10:11

Трагедија: Се пожали на болка во градите, па изгуби свест – авионот прекасно слета на пистата во Белград

Трагедија: Се пожали на болка во градите, па изгуби свест – авионот прекасно слета на пистата во Белград

На аеродромот во Белград, Никола Тесла принудно слета авион кој сообраќал од Кутајси во Грузија до Милано.

Итната помош примила повик дека еден од патниците е без свест, па одма се упатиле на лице место.

Според неофицијални информации до принудното слетување дошло откако една патничка се пожалила. Таа пред слетувањето кажала дека има силна болка во градите. Брзо изгубила свест, па сопатниците и помогнале и се обиделе да извршат реанимација.

Итната помош веднаш се посомнева дека станува збор за инфаркт.

Српските доктори продолжиле со реанимација, по слетувањето на авионот, но за жал немало спас за жената. Таа починала на аеродром.