Утрово околу 8 часот во стан во Нови Сад, Србија, пронајдени се три мртви тела, пренесуваат српските медиуми.
Во Нови Сад утрово се случи страшно убиство на три лица, Б.П., Н.П. и нивната ќерка М.Ј. Нивните тела биле пронајделни во станот, а сите биле убиени со куршум во главата.
Според првичните резултати од истрагата, сопругот на ќерката го извршил убиството.
Инаку тој имал забрана за приближување до семејството, поради семејно насилство.