Регион 27. декември 2019. / 17:00

Том Хенкс стана почесен државјанин на Грција

Том Хенкс стана почесен државјанин на Грција

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, потпишал декрет за почесна натурализација на американскиот актер Том Хенкс, објавија грчките медиуми.

Сопругата на Хенкс, Рита Вилсон, има грчко потекло, а американскиот актер заедно со неговото семејство веќе неколку години летниот одмор го минуваат на грчкиот остров Андипарос, каде што имаат вила.