Регион 25. април 2018. / 15:04

„Тој вресок нема да го заборавам додека сум жив” – дете падна од зграда, мајката се обеси

„Тој вресок нема да го заборавам додека сум жив” – дете падна од зграда, мајката се обеси

Десетгодишно момченце падна од тераса, а мајката од шок се самоуби. Цело маало е во шок во Србија, каде се одвиваше трагичниот настан.

Момченцето П.С. починало со пад од тераса на четвртиот спрат, а соседите велат дека тој вресок никогаш нема да го заборават. КОга дознала дека синот единец го загубил животот, 39-годишната мајка се обесила.

– Вресокот и сцената како детето лежи во крв пред зградата секогаш ќе ми останат во сеќавање и ќе ме демнат. Ќе памтам додека сум жив, вели растревожен сосед.

Детето при падот удрило и во браник од автомобил.

Мајката излегла на терасата и почнала да вришти, а потоа се самоубила.