Регион 01. ноември 2019. / 13:56

Тодориќ: „Агрокор“ е најголемата корупциска афера во овој дел од Европа

Тодориќ: „Агрокор“ е најголемата корупциска афера во овој дел од Европа

Поранешниот сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ, вели дека е пред крајот да ја докаже најголемата корупциска афера во овој дел од Европа.

Тој најави дека јавноста набрзо ќе види што е тоа што го подготвува, а прашан што е со планот да се занимава со политика, Тодориќ рече

– Јас се занимавам со политика. Гледате како. Се борам против неверојатната корупција во Хрватска и речиси сум пред крајот. Најпрво тоа морам да го победам, а потоа продолжувам, изјави Тодориќ.

На 29 август годинава покренати се првите обвиненија од страна на хрватското државно обвинителство за аферата „Агрокор“ против 29 лица, меѓу кои се и директори на 13 компании кои биле добавувачи на концернот.

На обвинетите на товар им се ставаат фалсификување на службени и деловни исправи.

Се работи за расплет на дел од аферата која се однеува на меници, поради што истрагата е покрената во почеток на годината.

Медиуми пренесуваат дека сомнежите се дека од 4 јануари 2010 до 28 март 2017 обвинетите директори во име на своите фирми потпишувале меници кои ги издавале на компании од концернот „Агрокор“ .

Во мениците било невистинито наведено дека се издадени за вредност примена во стока со што како се наведува директорите били запознаени.